СДСМ: Колку докази исчезнаа додека Тошковски и Јанев ги штитеа полицајците кои сега се приведени

t

Приведените полициски службеници се лицата за кои СДСМ ги објави сите факти и аргументи во серијалот „Вистината за Кочани“. Без притисокот од СДСМ, јавноста и дел од медиумите немаше да се постапи воопшто, велат од СДСМ.

„Се потврди дека СДСМ ја зборува вистината за трагедијата во Кочани од првиот ден.

Со месеци Тошковски и Јанев ги штитеа и ја лажеа јавноста дека нема никаква вина кај полициските службеници кои се директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца а над 200 беа повредени.

За тоа време се остави огромен простор истрагата да биде компромитирана, можно е да биле уништени важни докази.

СДСМ прашува: Колку докази исчезнаа во меѓувреме додека Тошковски и Јанев ги штитеа нивните полицајци и функционери?

Ова е недозволиво однесување и мора да има целосна институционална, политичка и кривична одговорност.

Кривична одговорност од Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, кој ги поставил, им давал наредби. За да не влијае на истрагата и расчистување на случајот треба да си понесе оставка.

Истото важи и за Панче Тошковски кој ја штитеше неговата структура во полицијата и тврдеше дека нема вина.

Христијан Мицкоски пак ја злоупотребуваше трагедијата за политички напади, свесно лажеше, ги манипулираше родителите, јавноста, додека вистинските виновници од неговата власт беа заштитувани.

Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема правда за Кочани. А без правда, нема мир за родителите, за граѓаните и за државата.

Јавноста мора да знае кој ја кочеше истрагата, кој ги штитеше виновните и кој учествуваше во прикривањето на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија“, стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…