Наместо на одмор, младите Босанци одат на печалба во Хрватска
Значително повисоките плати за истата работа, но и незадоволството од економската и политичката состојба во Босна и Херцеговина се главните мотиви за младите луѓе кои одат во странство на сезонска работа. Најголемата дестинација за сезонска работа за млади луѓе е Хрватска, која годинава бара речиси 70.000 сезонски работници во туризмот, пишува РСЕ.
Најбројни странски работници во Хрватска минатата година биле државјани на Босна и Херцеговина, малку повеќе од 38.000, вклучувајќи околу 3.700 сезонски работници. Во првите пет месеци од оваа година, Хрватска издала работни дозволи на повеќе од 83.000 странци. Непалците се најбројни, по нив следуваат работниците од БиХ – над 15.000.
Босна и Херцеговина нема договор со Хрватска за вработување работници, па затоа сезонските работници најчесто заминуваат самостојно, преговарајќи директно со работодавачите.
Просечната нето плата во Хрватска во март оваа година изнесувала 1.448 евра, додека во БиХ била околу 784 евра, покажуваат статистичките податоци.
Платите се движат во распон од околу 2.000 месечно во угостителската индустрија, додека во Босна и Херцеговина можат да заработат максимум 750 евра. Младите од БиХ најчесто работат како рецепционери, кујнски помошници, келнери и чистачи. Покрај сместувањето, работодаваците за работниците обезбедуваат и дневни оброци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…