Објавено на:

Експлозии во Тел Авив, Иран лансираше проектили кон Израел!

t

Сирени за воздушна тревога вечерва се огласија во Израел откако израелската војска објави дека Иран почнал голем ракетен напад. Иранските државни медиуми објавија дека започнал иранскиот одговор на денешните израелски напади, при што се лансирани стотици балистички проекти.

Ирански проектили се видени на ноќното небо над Ерусалим, а експлозии се слушаат над Тел Авив, додека израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ се обидува да ги пресретне.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека вечерва извршила напади врз десетици цели во Израел.

„Нашата одмазда штотуку започна, тие ќе платат висока цена за убиството на нашите команданти, научници и луѓе. Никаде во Израел нема да биде безбедно, нашата одмазда ќе биде болна“, кажа висок ирански функционер.

Израел попладнево лансираше нова серија напади врз Иран, повеќе од 12 часа откако ја започна операцијата „Исправен лав“, кога биле погодени десетици нуклеарни и воени мети. Во вториот бран биле нападнати уште две ирански нуклеарни постројки.

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Израел започнал војна, но нема да му се дозволи да изведува напади без тешки последици.

„Иран ќе се одмазди. Ќе му нанесеме тешки удари на Израел. Нашата војска е подготвена за противнапад“, кажа тој во обраќањето до нацијата.

Израел кажа дека денешните напади се само почеток на продолжена операција која треба да го спречи Иран да произведе атомско оружје, при што се повикани десетици илјади војници како дел од подготовките за одбрана и напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 22 наши државјани побарале помош за…

Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за…

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…

Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…

Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…

Трамп му се закани на Иран: Ако…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…