Професорот Трајковски открива: Грција инвестира во пругата која ја поврзува со Бугарија, а не со Македонија
Проверено: Грција акцентот на модернизацијата го става на пругата кон Бугарија преку преминот Промахона/Кулата, како и преку Токсотес до граничниот премин Орменио.
Доказ 1: https://www.railwaypro.com/wp/thessalonikis-strategy-for-2030/?utm_source=chatgpt.com , во одделот „Enhanced rail connections“.
На пругата Солун-Идомени (граничниот премин со Македонија) е предвидена само инсталација на нов сигнален систем и замена на старите шини со нови, додека колосекот останува ЕДИНЕЧЕН, односно нема доволен промет за двоен!
Доказ 2 (на сликата): сателитска снимка од влезот во железничката станица Идомени од насока на Солун со единечен колосек.
За споредба, пругата од Солун кон Бугарија преку Промахона се оспособува за возови долги до 500 m и оскин притисок до 22,5 тони, со електрификација и два колосеци, што значи дека е наменета за главен товарен коридор кон ЕУ.
Нашите таксиратлии од Владата сакаат да нé задолжат и да изградат брза пруга со два колосеци, за кои што ниту има доволен сообраќај, ниту пак некому му требаат во Грција. Нивниот еден колосек го ограничува пропусниот капацитет на целата пруга кон север, а реално и немаат потреба од повеќе. Просто кажано, нашата брза двоколосечна пруга би завршила со тесно грло во Идомени.
Србија, исто така, во догледно време нема да изгради двоен колосек. Засега се работи само на санација на единствениот колосек од Ниш до граничниот премин Прешево/Табановце, a нивната пруга низ Грделичка Клисура ќе биде оспособена за брзина до 120 km/h. Оваа делница исто така ја ограничува и брзината и капацитетот на нашата пруга, односно немаме потреба од скапа пруга за 160 km/h низ нашата клисура, штом постои друго слично тесно грло.
Доказ 3: https://jugpress.com/zeleznica-na-jugu-srbije-a-kad-ce-voz-na-jug/#:~:text=godine%20da%20%C4%87e%20brza%20pruga,ju%C5%BEnoj%20pruzi%20do%20juna%202023
Доказ 4: https://plutonlogistics.com/zeleznicki-transport/obnova-zeleznickog-koridora-10-eu-finansira-dokumentaciju-za-deonicu-nis-presevo/
Интересно е уште нешто. Српскиот министер Весиќ и македонскиот министер Бочварски се договориле заеднички да аплицираат за кредит од ЕУ. Србија (а веројатно и Македонија) се надевала дека од ЕУ ќе добие грант од 35% до 50% од цената на пругата, но од тоа не испаднало ништо, најверојатно заради слабата економска физибилност на проектот. Затоа сега Македонија сака да подигне многу понеповолен кредит од Велика Британија, иако неисплатливоста останува како нерешен проблем.
Доказ 5: https://www.ekapija.com/news/3253049/eu-spremna-da-podrzi-gradnju-pruge-od-beograda-do-severne-makedonije-sa
Останува на сила пресметката дека со нашиот брз двоен колосек би генерирале загуба од 3,3 милијарди евра, а секое македонско семејство би го задолжиле со 8000 евра, односно 500.000 денари, доколку останат на својата ирационална одлука за инвестирање во брза двоколосечна пруга. Долгот допрва само ќе расте поради каматите и неможноста да се врати кредитот поради комбинација од висока цена, слаб промет и мал профит.
Ова граѓаните треба да го имаат на ум пред да поверуваат во сé што ќе чујат од претставниците на власта.
Само влез на Македонија во ЕУ и добивање грант од 85% може да ги смени работите на подобро. Дотогаш е најпаметно да се заборави овој проект.
======================
На сликата: едноколосечната пруга на влезот во станицата во Идомени, на самата граница со Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…