Објавено на:

Франција го блокира пристапот до израелските штандови за оружје на Парискиот авио-саем

t

Франција го блокираше пристапот до штандовите на пет израелски производители на оружје на аеросаемот Ле Бурже во Париз поради прикажување „офанзивно оружје“, според извор од француската влада.

Црн ѕид ги блокираше штандовите на Израел Аероспејс Индустрис (IAI), Рафаел, Увижн, Елбит и Аеронаутика поради прикажување „офанзивно оружје“, вклучително и она што се користи во Газа, за кое изворот рече дека ги крши договорите со Израел. Рафаел, Елбит и IAI произведуваат водени бомби и ракети, додека Увижн и Аеронаутика произведуваат беспилотни летала. Израелскиот претседател Исак Херцог го осуди потегот како „скандалозен“ и повика тој да биде „веднаш корегиран“, објави АФП. „Израелските компании потпишаа договори со организаторите… тоа е како создавање израелско гето“, изјави тој за францускиот телевизиски канал LCI. Министерството за одбрана на Израел, исто така, ја осуди одлуката, нарекувајќи ја форма на „сегрегација“ против израелските компании.

„Оваа скандалозна и невидена одлука мириса на политички и комерцијални размислувања“, додаде тој. На изложбата, која се отвори денес, требаше да учествуваат околу 75 компании вклучени во производство на оружје, со воени авиони, хеликоптери и беспилотни летала. Се очекуваше девет израелски компании – помалку од претходно – да изложат откако францускиот суд го отфрли барањето на невладините организации да им забрани учество поради нивната наводна улога во конфликтот во Газа. Повеќе од 2.400 компании од 48 земји ја изложуваат својата опрема на настанот што трае една недела на аеродромот Ле Бурже на периферијата на француската престолнина. Четири други израелски штандови останаа отворени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Во Франција е поништен законот со кој…

Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…