„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО“: „Нека гукнат!“, вели Ванковска
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, се огласи професорката Билјана Ванковска.
„На денешен ден неранимајковци го потпишаа Преспанскиот договор за да влеземе во НАТО. Седум години подоцна во пресрет на Самит на НАТО чекаме САД отворено да го нападне Иран. Медиумите наголемо во орвелијански стил тврдат дека Иран си го барал и тие мораат да нѐ спасуваат. Ова отиде предалеку. И геноцид, една прокси војна и сега нова отворена војна. Што уште се чека?
Мојата минатогодишна заложба беше: напуштање на НАТО и воена неутралност. Сега и моите соборци од разни делови на светот велат дека императив за мир во светот е работа внатре во секоја држава членка, во насока на мобилизирање на јавното мислење и притисок врз политичките елити да посегнат по членот 13 од Вашингтонскиот договор и излезат од НАТО. САД треба да се остават сами. Да се знае која е Империјата на Злото.
Ја повикувам Силјановска да стави прст на чело, наместо да затвора уши кога слуша гранатирање на воени вежби во Криволак и се слика со најдобрата ѝ другарка, американска амбасадорка. Прашувам дали Мицкоски уште мисли дека про-Трамп групацијата е местото во кое припаѓа Македонија? Нека гукнат!“ напиша таа.
На денешен ден неранимајковци го потпишаа Преспанскиот договор за да влеземе во НАТО. Седум години подоцна во пресрет на…
Posted by Biljana Vankovska on Monday, June 16, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…
„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…
Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…
Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…
Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…