Први ефекти од војната меѓу Израел и Иран – рипнаа цените на нафтата и во Македонија

t

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок во Македонија? Бизнисот прави калкулации кои би биле евентуалните последици од конфликтот врз економијата, а Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ги најави првите нагорни корекции на цените на бензините и дизелот. Според најавите, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар.

Зголемувањето на цените следи откако првиот човек на регулаторното тело, Марко Бислимоски, деновиве најави дека војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија. Тој не очекува влијание на цените на останатите продукти.

По нападите на Израел врз Иран, цената на светските берзи на нафтата Брент се зголеми за десетина долари. Тој изрази надеж дека по пикот цените ќе се стабилизираат, посочувајќи го примерот со војната во Украина кога цената на дизелот достигна 110 долари по барел.

Министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, вели дека горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание. Владата ќе ја следи ситуацијата, а засега цените не се премногу високи, вели таа.

„Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ќе се случува. На берзанските производи Владата не може да има влијание зашто станува збор за цени кои се формираат на светските берзи“, нагласи министерката, одговорајќи на новинарски прашања во Скопје.

Претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Сојузот на стопански комори (ССК), Габриела Кулебанова вели дека засега не може да се каже конкретно дали воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок.

„Имаме последователни кризи. Војните траат, но во моментов за ценовен шок не можеме конкретно да кажеме, ќе почекаме зашто ова е на почеток. Ние сме мала економија, сите глобални, светски потреси и случувања се рефлектираат кај нас“, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…