„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, на двапати го полагал испитот по ТОЕФЛ за англиски јазик, а кодот на центарот за тестирање каде што полагал не е во Пловдив, каде што е регистрирано јазичното студио „Јулија“, покажува истражувањето на БИРН.
По половина година правна битка со Антикорупциската комисија, преку две одбивања и две жалби, по судската одлука, ДКСК му овозможила на БИРН увид во предметот што антикорупционерите го водеа за директорот на македонската тајна служба.
На прв поглед, јазичниот сертификат на Христовски, кој предизвика голема политичка врева и интерес во јавноста, визуелно наликува на обрасците од ТОЕФЛ сертификати што може да се најдат со пребарување на интернет.
Но, неколку детали оставаат простор за сомнеж во неговата автентичност.
Најиндикативно од нив е тоа што Христовски тврди дека тестот го полагал преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив, но кодот на тест-центарот што е наведен во сертификатот води кон друг град – Софија. При увидот, како забележале од БИРН, кодот на тест-центарот што е наведен во сертификатот на Христовски е APCU 8007.
Истиот број во Упатството на македонската Агенција за администрација, кое служи како водич за проверка на меѓународни јазични сертификати од 2019 година, се води на центар за тестирање на јазичното студио Софија Лаб 1, регистрирано во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…
Два случаи на семејно насилство биле пријавени…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…