Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство со Иран и многу доверливи односи со Израел
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната, што не ѝ носи ништо добро на Русија и е потенцијално опасно поради близината до нејзините граници, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Регионот е важен од инфраструктурна гледна точка за нас… во време кога регионот тоне во хаосот на таквата турбуленција, всушност во хаосот на војната, тогаш, се разбира, тоа не ни носи ништо добро. Жалиме за ова“, истакна Песков. Прес-секретарот нагласи дека Русија има стратешко партнерство со Иран и многу доверливи односи со Израел.
„Ние не сме од другата страна на океанот: на крајот на краиштата, ова е регион кој е географски блиску до нас, ова е регион каде што се наоѓаат земји со кои имаме долгогодишни и прилично развиени односи. Постоењето на такво жариште на нестабилност на нашите граници носи и потенцијално многу опасни последици. Сето ова има исклучиво негативни последици“, заклучи Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…