Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби на Блискиот Исток
Конфликт меѓу Израел и Иран би можел да резултира со употреба на тактичко нуклеарно оружје, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за руските медиуми.
„За жал, не можеме да го исклучиме тоа“, одговори Додик кога беше прашан за веројатноста за нуклеарна катастрофа поради конфликтот на Блискиот Исток. „Што се однесува до ситуацијата на Блискиот Исток, тука, веројатно, не треба да се исклучува можноста за делумна употреба на такво тактичко оружје. За жал, сето ова е резултат на проблеми што не се решени со децении. Треба да најдеме решение за ова што е можно поскоро, но тоа не е во наши раце“, рече тој.
Во неделата вечерта, САД нападнаа три ирански нуклеарни објекти во Исфахан, Натанц и Фордо. Според веб-страницата „Аксиос“, САД го информирале Израел однапред за претстојниот напад. Висок израелски функционер изјави за весникот дека за нападот биле користени бомбардери Б-2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Индија се откажа од купување на руските…
Индија го откажа договорот со Русија за…
Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!
Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…
КБС ќе добијат ново оружје во вредност…
Косовските безбедносни сили наскоро треба да добијат…
Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје…
Стрелачки клуб од Прилеп ќе одговара за…