Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа да се качам на автобус како во Аушвиц – пепелта е канцерогена, немаме заштитна опрема оти парите се украдени

t

ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК:

Пред десетина минути ми пиша вработен во РЕК Битола И ме замоли да пренесам на јавноста што се случува внатре. Еве ги неговите зборови:

Сабота, 22:47 х:

Јас сум еден од оние од ФОД кои не пуштија под присила да работиме во РЕК Битола, ме бркаа да се качам на автобус за таму како да одиме во Аушвиц.

Иако сум вработен во ФОД, сепак не натераа под блокови да чистиме со.лопати и колички. Чистевме со обични КН маски на лице наместо со гас маски, кои не мозат да ги купат оти парите се украдени. Празна им е касата. Немаат шлемови тие што чистат ни во РЕК ни во ФОД, а мора да има, не само за ова чистење туку и за производствениот процес. Без ХТЗ опрема пуштаат да се чисти прашина под блок пепел.

Пепелот е канцероген затоа веке имам проблеми со дишење, проблем со бубрезите и ноќни космари (бидекји мозокот реагира на озраченоста таму). Прво ни рекоа, доколку некој одбие од нас да оди да чисти нека напиши изјава која ќе биде проследена до ЕСМ. Вработените на ФОД се уплашија и не отиде само еден или двајца од списокот кој го направил директорот.

Отидовме да чистиме без потпишан документ дека сме таму, за да нема доказ ако наиде трудова инспекција. Во РЕК не дочекуваше 2 дена човек кој е некојси шеф, со списокот в раце и заокружувасе по име и презиме дали сме тука. Јас после прозивката успеав да избегам во петокот, преку земјен пат, кој води до РЕК. Се криев покрај дрвја. Избегав кај 11:30 часот на пладне. Се криев измеѓу патот од РЕК до ФОД, додека не дојде 14 и нешто часот за да се вратам во Битола со превоз на РЕК.

Сега треба да се снимам на рентген сега, крв да проверам и од прст и од вена. Она таму е несто ептен опасно по здравје, ама сите луѓе не се свесни. Од страв одат да работа, да не добијат отказ. Мора за таму да се има гас маска, а не да се работи со КН маска како за антивирус што носевме. Од завчера имам болки во гради, бубрези и голема главоболка…

Значи, јавноста нека знае дека присилени одевме . Од страв дека на плата ќе ни ударат или нешто повеќе. Нека дознае цела јавност. Таму во РЕК ми казаа дека вентилите не ги цистеле редовно, работоводителите ги предупредувале од порано и го прогнозирале страсниот ден кој еве дојде. Ни раскажа вработен кој таму е 10, 5 години и ни тврди дека како сега што е, никогаш полошо не било…

Не работи ни еден блок. Кредит за увоз на струја се зема од турска Халк банка, со неколки години грејс период. Значи претстои и финансиски колапс на РЕК и ФОД и на Македонија, за некоја година. Мислам дека ако успеат барем 1 блок да пуштат за еден месец дека тоа ке е во домен на фантазија. Страшно е ако некој таму тешко се повреди или изгуби живот, не постои валидна документација дека сме ангажирани таму. Ова е за ако се случи несто лошо никој од раководството да не одговара.

Пепелта која таму се чисти е склона на висока температура лесно да се запали. Брзаат да се исчисти што побрзо пред да дојдат ептен високи температураи…

(авторот е вработен во ФОД, погон кој дел е од РЕК Битола)

Извор: Зоран Божиновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исповед на вработен во РЕК: Ме бркаа…

ИСПОВЕД НА ВРАБОТЕН ВО РЕК: Пред десетина…

(Видео) Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче…

Уште една убава и емотивна вест одекна…

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…