Објавено на:

Трамп се потсмева со „одмаздата на Иран“: Честитки свету, време е за мир

t

Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмева на „многу слабиот одговор“ на Иран на „уништувањето на неговите нуклеарни постројки… на што очекувавме и на што многу ефикасно се спротивставивме“.

Тој на Truth Social пишува дека нападот на Иран врз американската воздушна база во Катар се состоел од 14 ракети – од кои 13 биле соборени, додека на една ѝ било дозволено да слета „бидејќи се движела во незаканувачки правец“.

Трамп вели дека ниту еден Американец не бил повреден во нападот и дека „речиси нема штета“. „Тие го извадија сето тоа од својот „систем“ и, се надевам, нема да има понатамошна ОМРАЗА“, пишува Трамп. „Сакам да му се заблагодарам на Иран што ни даде рано известување, што овозможи да не се изгубат животи и никој да не биде повреден“, вели Трамп.

„Можеби Иран сега може да продолжи кон мир и хармонија во регионот и со ентузијазам ќе го охрабрам Израел да го стори истото“, додава тој. Во последователен пост, Трамп му се заблагодарува на катарскиот емир за „сè што направил во потрагата по мир во регионот“. Тој, исто така, забележува дека во иранскиот напад нема убиени или повредени граѓани на Катар. Во трет пост, Трамп изјавува: „ЧЕСТИТКИ СВЕТУ, ВРЕМЕ Е ЗА МИР!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп се потсмева со „одмаздата на Иран“:…

Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмева на…

Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…

Министерството за одбрана на САД објави инсерти…

Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…

Наследник на иранската монархија: Пад на режимот…

Последниот наследник на иранската монархија, Реза Пахлави…

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…