Објавено на:

Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат без потреба по 12 часот и да консумираат повеќе течности

t

Од вчера до денес имаме пораст на температурите за два степени, а од петок се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови. Избегнување да се излегува на сонце, носење лесна облека, капа и очила за сонце, како и престој во климатизирани простории, се само дел од препораките на Институтот за јавно здравје. Граѓаните велат дека на овие високи температури брзо ги завршуваат обврските и се враќаат дома.

Според лекарите, ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено за време на најтоплиот дел од денот, но и кај лицата над 60 години, децата, бремените жени, хронично болните, како и други чувствителни категории. Воедно се препорачува внес на повеќе течности. Инаку од Владата сè уште нема излезено официјални препораки за ослободување од работа на постарите и бремените поради топлотниот бран. Од Институтот за јавно здравје и Комисијата за спроведување на акцискиот план за спречување на последиците од топлотните бранови велат дека моментално се разгледува планот за дејствување, а наскоро ќе бидат објавени препораки за јавното здравје и за заштита на населението од последиците од екстремните горештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија утрово измерени -12 степени!

Ладно беше утрово во Македонија. Речиси во…

Повторно пекол: Температури близу 40 степени!

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Пеколни температури од над 50 степени во…

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи…

Во Грција и Турција температури и над…

Почетокот на јуни го донесе првиот сериозен…