Внимавајте поради топлото време: Институтот за јавно здравје со итни препораки за работниците

t

МакедонијаОпасни горештини: Институтот за јавно здравје со итни препораки за работницитеAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 25/06/2025

Поради најавени високи температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје ги повика работодавачите и работниците на строго почитување на препораките за заштита при работа во услови на екстремна горештина.

Работодавачите се должни:

Да обезбедат вентилација и климатизација на работните простории.

Да овозможат климатизирана просторија за разладување („засолниште“).

Да ги организираат работните часови така што ќе се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот.

Да овозможат чести паузи, внес на течности и електролити.

Да ја намалат работната норма, да избегнуваат прекувремена работа и по потреба да го прекинат работниот процес.

Да внимаваат на ранливите категории вработени – постари, хронично болни, бремени и лица со зголемена телесна тежина.

Работниците треба:

Да внесуваат најмалку 2 литра вода дневно и електролити, да избегнуваат алкохол и кофеин.

Да носат лесна, светла облека, заштитни очила и крема со УВ заштита.

Да бидат внимателни на симптоми на топлотен удар: вртоглавица, повраќање, замор, и да не го напуштаат работното место без помош.

Прва помош при топлотен удар:

Итно повикување на Брза помош (194 или 112).

Ладење на лицето, легнување со подигнати нозе, примена на ладни облози.

Не се дава терапија додека не пристигне медицински тим.

Дополнително, за вработените од ризични категории се препорачуваат вонредни лекарски прегледи за утврдување на способноста за работа во вакви услови.

Институциите апелираат за внимателност и прилагодување кон високите температури за заштита на здравјето и превенција од несакани последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција го обвини Иран за сајбернапад врз…

Франција ја обвини иранската Револуционерна гарда за…

Касами ги викна оџата и владиката, ќе…

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска се…

Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…