ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите на загинатите откако ќе заврши истрагата
Секој кој има докази за делот од истрагата на ОЈО ГОКК во врска со ПУЛС може да ги достави до Обвинителството, велат од ОЈО ГОКК во одговор на прашањето на Инфомакс дали ќе се сретнат со родителите на загинатите во Кочани.
Родителите на последниот протестен марѓ во саботата во Кочани побараа средба со обвинителите од ОЈО ГОКК кои ја водат истрагата за полициските службеници.
Во продолжение одговорот од Обвинителството за Инфомакс:
– Од месец март до денес предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција активно постапува во предметите во кои се опфатени 29 полициски службеници за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела поврзани со пожарот во кабаре „ПУЛС“ во Кочани.
Во рамките на своите надлежности јавниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот меѓу кои сослушување на лица во својство на осомничени и во својство на сведоци, како и прибирање на други докази. За сите полициски службеници за кои е поведена истражна постапка на предлог на обвинителството им се определени мерки на претпазливост.
Истакнуваме дека јавниот обвинител континуирано презема дејствија за прибирање и анализа на релевантните факти и докази за што поскоро расветлување на случајот. Истрагата е во тек и со цел истата да не се загрози, евентуална средба би можела да биде реализирана откако ќе се испитаат сите наводи, меѓу кои и оние што дел од родителите ги доставија до јавниот обвинител и по кои истиот постапува, односно кога ќе заврши истражната постапка.
Ова беше најавено од страна на Јавниот обвинител на РСМ на средба со родителите. Во исто време ги охрабруваме сите оние што имаат некакви сознанија и докази што дополнително би ја поткрепиле истрагата да ги достават до ОЈО ГОКК. – одговорија од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ГОКК ќе се сретне со родителите…
Секој кој има докази за делот од…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…
Арсовска достави нови докази до ОЈО: Само…
Градоначалничката на Град Скопје објави дека до…
Мајката на Моника која загина во пожарот…
Верица Трифунова, мајката на Моника Спасова –…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…