Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал, меѓу другото, за купување американско оружје и системи за воздушна одбрана, како и за потенцијална соработка меѓу Киев и Вашингтон во производството на беспилотни летала.
Лидерите разговарале за „купување американски системи за воздушна одбрана што ќе ги заштитат нашите градови, нашите луѓе, цркви и инфраструктура“, а Зеленски истакна дека Украина е подготвена да ги поддржи американските производители на оружје, потенцијално со европска помош.
„Разговаравме и за потенцијалот за заедничко производство на беспилотни летала. Можеме да се зајакнеме еден со друг“, напиша Зеленски на социјалната мрежа ИКС.
Тој рече дека го информирал Трамп за разговорите меѓу украинската и руската делегација во Истанбул, како и за размена на затвореници и тела на убиените, додавајќи дека разговарале и за постигнување вистински мир во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…