Објавено на:

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково    

t

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од  Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран  во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.

Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.

Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Полицаец од Зелениково пијан дивеел низ Кисела…

26-годишен полицаец од скопското село Зелениково доби…

(Видео) Локализиран пожарот во Зелениково: Хеликоптерот на…

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска…

При претрес во Валандово пронајдени марихуана, семки…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Акција на МВР во Зелениково: Пронајдени оружје…

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија…