САД ја продолжија вонредната состојба во врска со Западен Балкан за уште една година, почнувајќи од утре

t

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба во врска со Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година, за уште една година, почнувајќи од 26 јуни.
Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп на 20 мај.

Во документот објавен во американскиот Федерален регистар се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Во текстот на Извршната наредба, исто така, се наведува дека „дестабилизирачките дејствија, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.

Извршната наредба со која првпат беше прогласена вонредна состојба за САД во однос на Западен Балкан беше објавена на 26 јуни 2001 година, за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш.

Претходниот американски претседател Џозеф Бајден ја потпиша Извршната наредба 14140 на 8 јануари, пред тогаш новоизбраниот претседател Трамп да ја преземе функцијата, со која вонредната состојба во врска со Западен Балкан беше продолжена до 26 јуни оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц: Слободата и демократијата никогаш не треба…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината…

Муцунски во работна посета на Литванија и…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

ЕУ испраќа претставници на мировните разговори за…

Европската Унија ќе учествува со свои претставници…

Американец ја тужи „Опен АИ“: Чет-ГПТ ѝ…

Џејмс Гејтс од Северна Каролина ја тужи…

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…