Објавено на:

Пијан скопјанец ја давел и мавал со чадор сопругата

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни,  тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција.

Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…