Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена

t

Негативна е оценката за владата на Христијан Мицкоски во изминатите 365 дена, Македонија не е горда, Македонија е понижена и заглавена а граѓаните живеат тешко, истакна потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Илиевски нагласи дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во периодот додека беа опозиција ветуваа многу за граѓаните, а оваа влада во првите 365 дена има најслаб старт во историјата од било која влада која започнала да функционира од осамостојувањето во нашата земја.

-Македонија воопшто не се развива. Македонија стагнира. Моментално сме најзадолжена земја во регионот. Платите на граѓаните на Македонија не растат, и тие стагнираат. Нема промени во правосудството, нема правда. Македонија не се развива во ниту еден сегмент во изминатите 365 дена. Не се развива во делот на земјоделието, не се развива во делот на инфраструктурата, а нити гледаме напредок во меѓународната политика. Буквално сме заглавени, истакна Илиевски.

Тој додаде дека заглавен е и европскиот пат, власта слепо ги задолжува граѓаните за 7 милијарди евра кои идните генерации скапо ќе ги платат наместо да се користат фондовите од ЕУ кои се неповратни средства.

-На другата страна стои европскиот пат кој очигледно стагнира во изминатите 365 дена. А, со отворање на европските процеси и те како можеа да се инкасираат неповратни средства од Европската унија и нашата земја да се движи напред и да се развива, истакна Илиевски.

Илиевски нагласи дека нема нови отпочнати инфраструктурни проекти кои би биле од капитално значење за нашата земја, а премиерот и неговите најблиски соработници ги отвораат проектите кои беа започнати во изминатиот период во владата на СДСМ.

Потрошувачката кошница расте од ден на ден, граѓаните во изминатите 365 дена не живеат подобро, а ако утрото по денот се познава, тоа така ќе оди и во наредниот период, најлошото допрва ќе го видиме, рече потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, во емисисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…

Николова: Хаос со актите во образование, се…

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот…

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…