Објавено на:

На Видовден во Србија: Студентите на протест, Вучиќ ќе дели ордени

t

За утре, на големиот српски празник Видовден закажан е голем протест во Белград со почеток во 18 часот на студентите од сите универзитети, но и на другите граѓани што во главниот град ќе дојдат од цела Србија.

На протестот му претходи ултиматум од студентите на блокада, кои побараа од властите до 28 јуни 2025 до 21 часот да одговорат на нивните барања за предвремени парламентарни избори како и полицијата да го прекине јавниот собир на т.н. ќаци – односно контрапротестите на „студентите што сакаат да учат“.

Конечниот план на протестот до попладнево сè уште не е готов, но студентите од другите градови што најавија учество, веќе правеа планови за превоз до Белград откако српската железница и некои транспортните фирми најавија дека нема да возат кон главниот град на Србија.

– Сите учествуваме во овој план, но најмногу зависи од белградските студенти бидејќи тие мора да го усвојат. Всушност, чекаме Информер и Пинк да објават што планираме за протестот вечерва, бидејќи објавија дека го имаат нашиот план, кој сè уште не сме го ни составиле – рече иронично и со насмевка еден студент од Нови Сад.

Студентскиот протест што студентите го организираат на Видовден на 28 јуни, владата го прикажува како обид за насилно уривање на уставниот поредок, сличен на оној во март пред кој беше создаден познатиот Ќациланд.

Во четвртокот некои од српските телевизии блиски до власта студентите ги прикажуваа како терористи, а од средата започнаа и апсења на некои студенти. Вишиот суд во Белград им одреди притвор на петмина осомничени за подготовка на насилна промена на власта во Република Србија, а двајца од нив за носење огнено оружје без дозвола.

Утре во исто време со големиот студентски протест српскиот претседател Александар Вучиќ ќе им додели одликувања за Видовден на „заслужни поединци и институции“. Меѓу многуте имиња познати на српската јавност, највпечатлив е фактот дека на списокот се наоѓаат две новинарки од Информер ТВ, Бранка Лазиќ и Драгана Ќендиќ, а на листата е и музичарот, писател и „надреалист“ Неле Карајлиќ и пејачите Чеда Марковиќ, Душица и Недељко Билкиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Видовден во Србија: Студентите на протест,…

За утре, на големиот српски празник Видовден…

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…

Вучиќ рано утрово објави важна вест за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…

(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…

Студентското собрание при УКИМ се извини за…

Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…