Има ли кривична одговорност кај директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева по информациите споделени со владата?
Премиерот Христијан Мицкоски не одговори на прашањето за кривичната пријава за директорката на Агенцијата за разузнавање Габриела Јаковлева, кажа да се обратиме до Обвинителството.
Истата е поднесена е поднесена од студенти на Факултетот за безбедност-Скопје до Обвинителството, заради основи на сомневање за сторени неколку кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, издавање службена тајна, злоупотреба на државна, службена или воена тајна.
Како што беше и претходно објавено во јавноста, директорката вршела внатрешна контрола во Агенцијата и му доставувала класифицирани информации на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото следење, кој минатата година изјави дека во изборната 2020 година бил следен, а Обвинителството во декември 2024 отвори предмет по допрен глас.
„Тоа прашање најдобро да го поставите на Обвинителството.“ – Христијан Мицкоски претседател на Влада на Македонија.
Обвинителството со став дека јавен обвинител веќе презема дејствија за овој случај.
„Предметот на почетокот на јуни е примен во ОЈОГОКК; кое согласно наводите утврди дека е ненадлежно да постапува и го препрати на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје. Таму е оформен предмет и е распореден кај јавен обвинител кој презема дејствија за проверка на наводите од пријавата.“ – Основно јавно обвинителство Скопје.
За работата на Агенцијата за разузнавање како и Агенцијата за национална безбедност надлежен орган е Собранието. Според Законот, АР претседателот на државата го именува и разрешува директорот и директорот треба да го извести претседателот дека во извршувањето на работите е самостоен со оглед на тоа дека е посебен орган на државната управа. Од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова не добивме одговор на прашањата поврзани за овој случај.
Премиерот претходно, во јавноста говореше дека добил класифициран извештај од Агенцијата. За периодот кога Мицкоски бил следен, како што претходно изјави, на челната позиција на АР беше Еролд Муслиу, а на АНБ Виктор Димовски. ВМРО-ДПМНЕ излегуваше со став дека Муслиу ја злоупотребувал службената положба и според партија, биле следени функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Со секое заминување се прекинува нишка во…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 8 Септември…
27-годишник од Македонија убиен во Берлин
Дваесет и седумгодишен македонски државјанин од Радуша…
Латвија планира да воведе царина од 300…
Владата на Латвија планира да воведе царина…
Путин постави рок за освојување на Доњецк…
Кремљ поставил нов рок до кој руските…
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка по…
Главниот државен обвинител на Украина, Руслан Кравченко,…