Одлуките од Самитот во Хаг ќе имаат историски последици за идните генерации, вели Муцунски за „Атлантик кансл“
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за американскиот тинк-тенк „Атлантик кансл“ во областа на меѓународните односи и е основан од 1961 година.
„Лично го нарекувам овој самит генерациски самит. Одлуките што ги донесовме ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации. Клучно беше да се донесат одлуки, особено за идните инвестиции потребни за членките и Алијансата“, вели тој.
Шефот на македонската дипломатија се осврна и на улогата на Соединетите Американски Држави (САД) во донесувањето на одлуките, особено дека без водство на администрацијата на претседателот Доналд Трамп тие не би можеле да се усвојат.
„Заслугата треба да оди таму каде што припаѓа. Но, и на одличното водство меѓу сојузниците и фокус дека вложувањето во одбраната не е само за тврда одбрана, туку и за инвестиции во инсдустриската база, инфраструктурата, киберотпорноста. Затоа, би го нарекол генерациски самит. Минатите беа историски, но одлуките овде се многу повеќе од историја. Станува збор за нашата иднина. Генерациски самит. Тоа е навистина моќно“, кажа министерот.
Муцунски зборува и за нашиот придонес како земја членка на НАТО, која веќе планира како да го достигне прагот од 5 отсто за одбраната.
„Покрај инвестирање за модернизација на армијата, за НАТО-мисиите сме присутни од Балканот до Балтикот, а нашите војници придонесуваат за колективната безбедност. Американците треба да знаат дека македонските сојузници се со нив. Рамо до рамо“, вели Муцунски.
Сите 32 членки на НАТО на 25 јуни на Самитот во Хаг се согласија на историски чекор и се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на пет отсто од бруто-домашниот производ (БДП) до 2035 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…
Акциите на производителот на чипови паднаа за…