Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
Дневницата во Македонија чини колку час и половина работа во Германија. Работниците во земјава кои земаат минимална плата, добиваат само 145 денари на час или за полно работно време од 8 часа, заработуваат 1.160 денари.
Во Германија во моментов еден час работа се плаќа 12,86 евра или скоро 800 денари. Но нивната Влада денеска одлучи постепено да ја зголемува и од 1 јануари следната година ќе биде скоро 14 евра, а од 202- та – 14,6 евра.
Со тоа Германија, по Луксембург, е земја со највисока минимална плата од 2,638 евра месечно. Кај нас минималецот е 400 евра или 6,5 пати понизок од оној кој им се исплаќа на германските работници. Синдикатот притиска да се зголеми – но социо-економски совет, каде што се утврдува, се уште нема.
Барањето на Синдикатот беше минималната плата да биде најмалку 450 евра, сума за која е потребен договор меѓу работодавачите и Владата. Но откако заврши репрезентативноста на Сидникатот, членовите на Советот 4 месеци пребројуваат со кој Синдикат треба да преговараат.
Инаку, според последните податоци на Евростат, најнисика плата во Унијата се исплаќа во Бугарија – 551 евра. Следна е Унгарија со 707 евра и Летонија 740 евра. Највисока пак добиват работниците во Луксембрур -2,638, Германија, Белгија и Холандија, над 2,000 евра. Од земјите во регионот, ние сме на дното, зад Црна Гора, Србија и Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час…
Дневницата во Македонија чини колку час и…
Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор…
Учеството на Украина во Северноатлантската алијанса би…
Одлуките од Самитот во Хаг ќе имаат…
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во…
Вучиќ предупредува: По 21 часот очекувам насилство…
Во Белград денеска се одржува голем студентски…
САД: Примирје во Газа е можно за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува…