Директорот на ДПИ: Кај мал дел од маркетите имало големо поскапување на цените, што не е коректно
Цените на поголем број производи на кои им беа замрзнати маржите од страна на Владата во периодот средина на февруари крај на април, во поголемиот дел од маркетите не се вратија на нивото од пред 18 февруари. Ова го утврди едно и пол месечната контрола на Државниот пазарен инспекторат на над 100 компании кои имаат над илјада продажни места.
„Во големо продажбата, односно нашите домашни производители и увозниците, односно дистрибутерите цените се вратени во време од пред одлуката“, изјави Влатко Стојкоски, директорт на Државниот пазарен инспекторат.
Но, во малопродажбата, кај огромен дел од маркетите, не кај сите, има зголемување на цените на производите, но тие се под нивото од пред 18 февруари. Кај најосновните производи зголемувањето на цените се движат од 3 до 5 насто, а кај хемиските производи, производите за лична хигиена, пелени и бебешка храна – од 10 до над 20 проценти. Ова значи дека после мерките иако има зголемување на цените, тие не се вратени на старо, односно добар дел од прехранбените производи кои најмногу се користат се поевтини од февруари. Сепак, Стојкоски посочи дека во мал дел од маркетите има поголемо поскапување, што не е коректно од нивна страна.
„ И тоа сакам да напоменам дека да, и забележани се минусни маржи, односно намалувања од 20 до над 100 проценти, кај зеленчукот и овошјето. Сите сме сведоци на тоа, сите пазариме, сите одиме во маркети и на пазар. Тоа е тоа“, изјави Влатко Стојкоски, директорт на Државниот пазарен инспекторат.
Дали ќе има нови мерки ќе зависи од предлогот на Министерството за економија, кое треба да ја разгледа анализата на ДПИ и да ја достави со свое мислење до Владата. Инаку, инфлацијата во мај беше 3,3 насто повисока во однос на истито месец лани, а ако се споредува периодот јануари – мај 2025 со истиот период лани, таа е 3,7 отсто. Кај храната таа беше 4,9 отсто споредена мај со мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот на ДПИ: Кај мал дел од…
Цените на поголем број производи на кои…
(Фото) Уловена Белa ајкула кај Црна Гора…
На 12 километри од брегот на Црна…
И тоа го упропастија: Не работи апликацијата…
Управата за јавни приходи ја информира јавноста…
23-годишник пријавил измама, со украдени лични податоци…
На 26.06.2025 во 11.00 часот во СВР…
Од понеделник уште потопло со пораст на…
По преодното дестабилизирање на времето, од понеделник…