Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), оствари средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД.

На средбата, претседателот Филипче изрази благодарност до вицеканцеларот Клингбајл, за континуираната и силна поддршката на СПД за евроинтеграцискиот процес на Македонија, посочувајќи дека како сестрински партии, ја споделуваат истата визија за праведна, обединета и солидарна Европа.

Филипче и Клингбајл разговараа за забрзувањето на евроинтеграцискиот процес на Македонија, како и на земјите од регионот и Западен Балкан, оценувајќи го како клучен процес за стабилизација, развој и напредок на државите-кандидатки за членство во Европската Унија. Беше посочено дека само со вистинска интеграција во ЕУ може да се обезбеди одржлив напредок – и економски и институционален, особено во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Заеднички беше ставот дека Македонија мора да продолжи по европскиот пат, како единствена алтернатива за напредок и подобра иднина на државата.

На средбата претседателот Филипче потенцираше дека во периодот на Владата предводена од СДСМ беа реализирани клучните стратешки цели – Македонија стана членка на НАТО и ги отпочна преговорите за членство во ЕУ. Претседателот Филипче истакна дека социјалдемократските вредности и натаму остануваат патоказ во креирањето на политиките на СДСМ, со фокус на подобар животен стандард, социјална правда и европска иднина.

Филипче и Клингбајл ја нагласија потребата од натамошно унапредување на меѓупартиската соработка и размена на искуства меѓу СДСМ и СПД, како сестрински партии кои делат заеднички социјалдемократски вредности, базирани на солидарност, еднаквост, владеење на правото и социјална сигурност.

Воедно, на средбата се разговараше и за актуелните геополитички предизвици со кои се соочува Европа и светот, важноста од регионална стабилност и потребата од силни, доследни социјалдемократски политики – како јасен одговор на растечките нееднаквости, популизмот и економската несигурност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Колева: Државата никогаш не била толку понижена…

Не гледаме ниту еден конкретен резултат од…

Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…

„Непосредно пред локалните избори, во време кога…

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Николова: Хаос со актите во образование, се…

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова во рамките…