Кажете и на Марта Кос дека во Македонија мафијата си има своја држава, Арсовска му пиша на Рокас
За заканите врз мене како жена и некој што не е од екипата на “јаките” партии, министерот за внатрешни работи наместо да постапува си тера политика, при загрозување на мојата, безбедноста на моето дете и семејство, како и безбедноста на вработените во град Скопје, МВР сè уште нема ни формално постапено по ниту една поднесена пријава, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на почетокот на отвореното писмо испратено до амбасадорот на Европската унија во земјава Микалис Рокас.
– Неодамна откривме значаен криминален скандал во кој е вклучен градоначалникот Висар Ганиу и неговата организирана криминална група од општина Чаир. Оваа група е вмешана во фалсификување и фабрикување на документи од повеќе институции, со што незаконски им овозможиле на одредени (дел малолетни) лица да стекнат милиони. Размерот и дрскоста на овие дела, кои во овој момент достигнуваат 152 откриени случаи, се алармантни и претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите жители.
Како одговор на доказите што ги прибавивме, Основното јавно обвинителство покрена истрага. Доказите ни се потврдени од повеќе јавни институции, како и од повеќе правни и физички лица. И покрај овие напори, заканите по мојата безбедност и безбедноста на вработените од Градот Скопјe кои работеа на откривање на овие кривични дела се интензивираат.
Нашите инспектори и вработените, кои вредно работат на овој случај, се подложени на насилство и брутална сила. Гумите на возилата им беа исечени со ножеви, при што и тие како и јас, добија директни закани по нивната безбедност, од лица вклучени со Висар Ганиу во овој скандал. Овие инциденти се официјално документирани и пријавени во Министерството за внатрешни работи, но бавното темпо на правдата ги става во ризик животот и безбедноста на секој од нас, се вели во обраќањето на Арсовска до Рокас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…