Четворица медицински техничари осомничени за убиство на пациент во Загреб
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за четворица медицински техничари осомничени за тешко убиство на 32-годишен пациент. Кристијан Јосип Периш, поранешен атлетичар и долгогодишен тренер, почина на 21 октомври во загрепската Клиника за психијатрија „Свети Иван“.
Според загрепската полиција, Периш лежел на кревет и бил делумно врзан со ремени. Кога се обидел да се ослободи и да стане, четворицата техничари, според сомнежите, го задржувале со сила. Обвинителството се сомнева дека постапиле спротивно на правилата на медицинската струка и му нанеле повеќе повреди. Точната причина за смртта сè уште не е јавно соопштена.
Судот го одреди притворот на 8 ноември поради опасност од влијание врз сведоците и повторување на делото, како и поради особено тешките околности на случајот за кој се води истрагата.
Директорката на клиниката Мајда Грах соопшти дека во тек е постапката за вонреден отказ на тројца вработени. Таа рече дека клиниката побарала извештаи за внатрешна проверка, ги известила надлежните институции и соработува со истражителите.
Во понеделникот, колеги на осомничените протестираа пред клиниката во знак на поддршка и побараа побезбедни услови за работа. Според ХРТ, управата ги прифатила барањата за обуки за постапување во ризични ситуации и за ангажирање обезбедување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…