Марта Кос со силна порака од Скопје: Западен Балкан ми е драг, Македонија заслужува да ги почне преговорите со ЕУ
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во своето воведно обраќање на Лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, посветена на Планот за раст, испрати емотивна и јасна порака за поддршка на регионот и Македонија на патот кон Европската Унија.
„Можам да се разнежнам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е драг“, изјави Кос, додавајќи дека е свесна оти реформите кои се бараат не се лесни, бидејќи се судираат со длабоко вкоренети структури на моќ и интереси.
„Но токму затоа се потребни храбри лидери кои ќе ја предводат оваа трансформација. Уверувам дека вреди – стабилност, безбедност и просперитет за сите граѓани“, нагласи таа.
Кос додаде дека ЕУ останува посветена да го поддржи регионот и изрази надеж дека Македонија наскоро ќе ги почне преговорите за членство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…