СДСМ: Се редат скандали во општина Куманово –фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски!

t

Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните, вели на прес-конференција претседателката на Форум на жени на СДСМ во Куманово, Марина Манојловска.

– Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини.

Општината скллучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски. Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини.

Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.

Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевски.

Ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа?

Не, почитувани ова е основано сомнение за:

-Судир на интереси
-Непотизам и фаворизирање на роднински фирми
-Злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово

Прашањето е кој е интересот на Максим Димитриевски? Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски?

Го повикуваме Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај.
Граѓаните на Куманово заслужуваат одговори. Заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт. А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот.

СДСМ ќе продолжи гласно да укажува на секој обид за злоупотреба и ќе се бори за одговорност. А одговорност ќе има, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…