СДСМ бара истрага за скандалот: Кој нареди да се повлече обвинението против Максим Димитриевски?
Соња Тодоровска, Секретар на ОО СДСМ Куманово денеска на прес конференција истакна дека СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски.
„Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност.
Обвинителство под контрола на власта, кое не работи во интерес на правдата и граѓаните, туку во интерес на политички договори, закулисни игри и заштита блиски до власта.
Случајот бил воден повеќе од една година, со конкретни обвинувања за злоупотреба на службена положба, за неисполнување на службена должност во врска со издавање дозвола за градба, со нанесена штета од над 3 милиони денари.
Сега, без нови докази, без промена на фактите, обвинителството едноставно се откажува.
По чиј налог?
Повикуваме на итна истрага во самото обвинителство – кој го донел решението за повлекување на обвинението и со какви мотиви?
Кој притискал, договарал и овозможил оваа фарса?
Кој го штити Димитриевски и зошто?
Ова е класичен пример за неправда – ова е прикривање на одговорност. Обвинителите од тефтерчињата мора да сносат одговорност.
Без независно и непристрасно обвинителство, нема ниту правна држава, ниту доверба во институциите.
Овој срам пред правдата, направен во Куманово и уште еден доказ дека судството е под капата на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити.
Ова е неправда. Граѓаните заслужуваат вистинска правда, а не селективност“, вели таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Филипче до Левица: Откажете се од „мајка…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача…
Николоски: Владата прави се што е во…
Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…
Светските берзи најавуваат поскапување на храната
Глобалните цени на храната повторно бележат раст…
Мицкоски има две третини во Собранието, не…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека…