СДСМ бара истрага: Кој нареди да се повлече обвинението против Димитриевски?
СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски. Oд партијата велат дека ова е скандал без преседан и класичен пример за партизирано судство и селективност.
-Случајот бил воден повеќе од една година, со конкретни обвинувања за злоупотреба на службена положба, за неисполнување на службена должност во врска со издавање дозвола за градба, со нанесена штета од над 3 милиони денари. Сега, без нови докази, без промена на фактите, обвинителството едноставно се откажува. По чиј налог? Повикуваме на итна истрага во самото обвинителство – кој го донел решението за повлекување на обвинението и со какви мотиви? Кој притискал, договарал и овозможил оваа фарса? Кој го штити Димитриевски и зошто, праша Соња Тодоровска, секретар на ОО СДСМ Куманово.
Според неа, ова е класичен пример за неправда и прикривање на одговорност и порачува дека обвинителите од тефтерчињата мора да сносат одговорност.
Од Кумановскиот суд информираа дека јавниот обвинител се откажал од постапката. Обвинението против Димитриевски беше отворено лани, откако сопственици на градежни фирми поднесоа кривична пријава, бидејќи не добиле дозволи за изградба на згради. Тие бараа надомест од три милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара истрага: Кој нареди да се…
СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на…
„Паметно е да направиш чекор назад кога…
Костадин Костадинов, актуелниот градоначалник на Струмица, најави…
СДСМ: Се редат скандали во општина Куманово…
Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски,…
Филипче: СДСМ останува силен промотор на европската…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата…
Митовски: Граѓаните бираат менаџери на општините, СДСМ…
СДСМ има соодветна кадровска понуда за претстојните…