Одете си од Судскиот совет, брука сте – судијата Ненад Савески до Антоанета Димовска по изборот на Даниела Димовска за в.д. претседател на Кривичен

t

„Кој ви даде право во наше име да кршите закон? Зошто постапуваш спротивно на чл. 89? Зошто согласно законот не го бирате најдобро оценетиот судија? Или за тебе законот е најмалку битен? Таму кај што седите нè претставувате нас, судиите! Зошто најсветото нешто за нас судиите го газите? Немате право на тоа! Противправно однесување е недозволиво за некој што е судија“, вели Савески во пораката до членката на Судскиот совет – пишува 360 степени.

„Одете си од таму веќе! Доста е од вас! Брука сте!“ Вака почнува пораката што судијата во Кривичниот суд, Ненад Савески, ѝ ја испратил на членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска, а со која жестоко реагира на нејзината поддршка за вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, наместо најдобро оценетиот судија, да биде назначен единаесетторангираниот, во случајов судијката Даниела Димовска.

Изборот на в.д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје беше на дневен ред на денешната седница на Судскиот совет, откако досегашниот шеф на најголемиот суд во државата, според обемот на предмети и кадар, Иван Џолев, беше избран за судија во Апелацискиот суд Скопје. Тој денеска и официјално ја презеде новата должност, откако даде свечена изјава во Судскиот совет.

До изборот на негов наследник, претседателското столче ќе го грее судијката Даниела Димовска, што предизвика жестоки реакции во судската фела.

При нејзиниот избор членовите на Судскиот совет отстапија од членот 89 од Законот за судии, кој вели:

„Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот, до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови“,стои во членот 89 од Законот за судовите.

Членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска, која во Советот доаѓа од редот на судиите, го поддржа изборот на Даниела Димовска посочувајќи, меѓу другото, дека таа ѝ била ментор кога Д. Димовска дошла во судот и тврдеше дека има одлични менаџерски способности за да раководи со голем суд.

Но, ставот на Антонаета Димовска предизвика несогласување кај судијата Ненад Савески, кој решил тоа да ѝ го пренесе и лично, а се согласи неговата порака да добие и јавност.

Тој директно го посочува членот 89 од Законот за судовите и ја прашува Антоанета Димовска зошто постапува спротивно на него.

„Срам сте за судиите кои гласале за вас! Кој ви даде право во наше име да кршите закон? Зошто постапуваш спротивно на чл. 89? Зошто согласно законот не го бирате најдобро оценетиот судија? Или за тебе законот е најмалку битен? Таму кај што седите нè претставувате нас, судиите! Зошто најсветото нешто за нас судиите го газите? Немате право на тоа! Противправно однесување е недозволиво за некој што е судија! Одете си од таму веднаш и престанете да им штетите на судиите! Брука си! Брука за судиите и за вашето семејство во кое сите се правници“,вели судијата Савески во пораката.

Целиот текст прочитајте го на 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…

Советот на Општина Кочани на денешната редовна…

Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…

Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…

Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…

Денеска во Град Скопје се формираше Советот…