Објавено на:

Украина и САД потпишаа договор за заедничко производство на беспилотни летала

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека земјата потпишала документ за заедничко производство на дронови со Соединетите Американски Држави, во кое ќе учествуваат неколку компании.

За време на посетата на Данска, Зеленски изјави дека се очекува бројот на дронови да достигне стотици илјади оваа година, а дека производството ќе се зголеми следната година.

Денес ја започнав мојата посета на Данска со многу важен состанок и потпишување на важен документ. Ова е копродукција меѓу Украина и Соединетите Американски Држави. Ќе бидат вклучени неколку кампањи фокусирани првенствено на дронови од различни типови“, изјави Зеленски за новинарите, пренесува украински Интерфакс.

Тој објасни дека главната компонента се дронови-пресретнувачи, кои веќе се докажаа во Украина.

„Веќе ги тестиравме овие дронови за неколку компании. Сега конечно потпишавме многу сериозен договор“, нагласи Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран нуди награда од 30.000 долари за…

Иран нуди награда од 30.000 долари за…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…

Трамп се шегувал дека ќе го прогласи…

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…