Траги-комична одбрана на Меџити: Секаде има дивоградби

t

По случувањата на релација Град Скопје-Општина Чаир и обвинувањата за криминал со дивоградби, вицепремиерот и членот на ВЛЕН, Изет Меџити релативизира во својот одговор и вели дека градоначалничката Данела Арсовска прво треба да одговори за хаосот во градот и екоцидот. Вели дека не се памти ваквата хигиенска состојба. Меџити обвинува дека Арсовска не направила ништо за Чаир, а наплаќа даноци од граѓаните на општината.

-Она сработила за ДУИ и Беџети. Кога сме веќе тука, има податоци. На ниво на државата има над 200 илјади дивоградби, а Чаир учествува само со 1,6% и не може да биде лидер во тоа. На ниво на Град Скопје, Чаир е шеста општина по дивоградби. Ја повикавме за Сарај, ама се вадеше дека општината е надвор од градот. Не е точно. Ја прашавме и за Шутка и тогаш пак добивме одговор дека нема надлежности, рече Меџити во емисијата „24 анализа“.

Тој смета дека градоначалничката нема основа за напади, иако поднесе официјални документи до Основното јавно обвинителство.

-Која општина нема дивоградба. Нема згради во Карпош, Центар, другите општини…праша вицепремиерот и повторно ја праша Арсовска зошто не доаѓа во контрола на објектите кои ги гради пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

Меџити не смета дека овој скандал ќе дојде до него и рече: „Зошто да се плашам. Работено е по закон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО оформи предмет за дивоградбите во Охрид…

По вчерашниот извештај на Државниот завод за…

Османи ќе направи кризен штаб за дивоградбите

Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на општина…

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…

Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…

Тошковски не знае дали има утврден случај…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…