Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти, за нив може ЕУ за граѓаните не
„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти. Со години лажат и шират хистерија дека тие ќе се ‘бореле со Бугарите’, а впрочем тие се тоа. Нема кој нема бугарски пасош од нив“, изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Мугра на слободата“ во Крушево.
Тој појасни дека проблемот не е дали некој има бугарски пасош, туку лицемерието.
„И не е проблем да имаш бугарски пасош, од било која причина – економска, социјална или лична – но лицемерно е да се правиш патриот и дека ќе се бориш против ‘бугарски диктат’, а да имаш фирми во Бугарија, државјанства, и разни други бизнис интереси. За нив може ЕУ, а за другите не може“, истакна Филипче.
„За прв пат Европската Унија јасно кажува дека во Македонија се спроведува авторитарен режим. За прв пат без никаква обланда Европската Унија укажува на сериозното зголемување на сериозната и висока корупција во Владата и во нејзните високи органи на Владата. За прв пат јасно ни се укажува на селективната правда, на нарачаните обвиненија и пресуди. Јасно ни се укажува дека Европската Унија има сериозни сомнежи за тоа како се води процесот за трагедијата во Кочани. И ова е поразително“, порача претседателот Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…