Опасни артилериски гранати пронајдени во Прилепско и неиспукан проектил во Тетовско
Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт во нашата држава, од 2001-та.
Конкретно, во с.Витолиште Мариово, Општина Прилеп беа по пријава до пријавата до Граничната полиција на МВР, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).
По пријава во СВР Тетово, во атарот на с.Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.
Инаку, ДЗС дејствува со ограничените човечки ресурси за НУС. Поточно, пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон во Криволак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за…
ДЗС: Повик за учество во гаснење на…
Повик на Дирекцијата за заштита и спасување…
Во април повеќе се купувале храна, пијалаци…
Во април годинава во однос на април…
За 6,9 проценти зголемен бројот на странски…
Во март годинава во земјава се евидентирани…
Романија донираше повеќенаменско возило на ДЗС
Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување…