ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), присуствуваше при приемот на двете нови теренски возила што Дирекцијата ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција.
Новите возила со 4×4 погон ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамки на прекуграничната соработка со партнерските институции.
Со оваа набавка се зајакнуваат оперативните капацитети и мобилноста на тимовите на ДЗС, со цел побрз и поефикасен одговор при вонредни состојби.
Инаку, проектот „Напредна рамка за намалување и управување со ризиците од поплави и други повеќекратни опасности“, (Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027), обезбеди поддршка од Европската Унија, за која ДЗС изразува благодарност како и до сите партнерски организации од Грција за нивниот придонес во зајакнувањето на капацитетите за цивилна заштита (Network Operational Support – Education of the Volunteers Associations and University of Macedonia).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…
Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
ДЗС со две нови теренски 4×4 возила
Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за…
ДЗС: Повик за учество во гаснење на…
Повик на Дирекцијата за заштита и спасување…
Во април повеќе се купувале храна, пијалаци…
Во април годинава во однос на април…