Професорот Андонов го оспори изборот на Богојески за професор на Воената Академија!

t

Почитувани пријатели, особено почитувани колеги од академската заедница.

Денес поднесов ПРЕТСТАВКА до Државниот Просветен Инспекторат при Министерството за Образование.

Претставката се однесува на спротивно на Законот за високо образование, Законот за работни односи, Статутот на Воената акадрмија и Правилникот за посебни услови за избор во наставно-научни звања на Универзитетот Гоце Делчев направен избор на д-р Петар Богојевски во наставно-научно звање “насловен доцент” на Воената академија Генерал Михаило Апостолски.

Оваа Претставка нема лична намера или тендњнција за наштетување кон никого. Ниту кон кандидатот, ниту кон органите на управување на Воената академија ниту кон колегите од рецензентската комисија.

Претставката нема ниту политичка или некаква друга заднина и мотив, поради што замолувам да не се толкува така.
Оваа Претсравка има за цел да ја разбуди јавноста, сите Вас, македонските граѓани, медиумите, колегире од академската заедница во Македонија и особено колегите од Воената академија, да ја разбуди совеста и одговорноста за иднината на нашата татковина Македонија, во врска со тоа што се случува во високото образование и да размислиме за тоа какви последици ќе имаме од ваквиот однос кон образованието а со тоа и иднината на нашите деца на идните генерации македонски граѓани.

Воената академија е јавна високообразовна установа и единствена македонска високообразовна установа на која се школуваат офицери за потребите на македонската армија. Воената академија е единствената високошколска установа во Македонија на која треба да се развива автохтоната современа македонска војна мисла. За тоа да може да се реализира од интерес на сите наши граѓани, работата треба да се одвива пред се во согласност со Законите на Македонија.
Со против законито однесување, правење на упад и под разни притисоци преку невистинити податоци и со манипулации, вршење на против законити избори во наставно-научни и соработнички звања, покрај уривањето на угледот на Воената академија како регионална НАТО академија се урива и угледот на целокупното високо образование во Македонија. Посебно што со ваквите постапки се урива и угледот на Министерството за одбрана и македонската армија како составен дел од НАТО во сите области, вклучително и военото образование и подготовка на офицери за разни должности.

Во прилог е ПРЕТСТАВКАТА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Андонов го оспори изборот на Богојески…

Почитувани пријатели, особено почитувани колеги од академската…

МВР откри детали: Полициски службеник ќе одговара…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

„НЕ СУМ ПРЕДАВНИК, ОСТАНУВАМ ВО ВРЕДИ“: Гаши…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, категорично ги…

Давкова: Шокирана сум, 40% од администрацијата не…

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, искажа изненадување…

Османи: Владата направи огромна грешка што го…

Ставот на Бугарија за македонскиот јазик преставува…