Мицкоски го нема да проговори против Судскиот совет откако оживеа тефтерчето на ДПМНЕ
Откако Судскиот совет дисциплинирано почна да ги наградува и распоредува партиските кадри на ДПМНЕ низ врвот на судството, Мицкоски ја закопа сета своја „гневна принципиелност“. Од грлата што до вчера најавуваа протести, маршеви и децидно барање оставки – денес не се слуша ниту збор, реагираат од политичката партија Левица.
– Правната фела реагираше на скандалозното назначување на судијката Даниела Димовска, која спротивно на Закон (како единаесетта рангирана) беше избрана од Судскиот совет за в.д. претседател на Кривичниот суд. Ваквиот избор на единаесетти рангиран судија е директно кршење на членот 89 од Законот за судовите, кој вели: ,,…Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови.”
За изборот на Димовска контроверзно е и нејзиното партиско минато, како поранешна асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев и советничка на претседателите на Собранието – Вељановски и Георгиевски, додека пак нејзиниот сопруг е вработен во кабинетот на Тимчо Муцунски.
За да биде целосна оваа партиска претстава наречена „нема веќе како до сега” – Димовска за оваа функција ја предложи членот на Судски совет, Данка Ристова, која е свежо инсталирана членка на Судскиот совет и сопруга на градоначалникот на Радовиш од ДПМНЕ, Ацо Ристов.
Спектаклот со интерпелациите на ДПМНЕ во Собранието и изгласаната недоверба на половина членови на Судскиот совет, не беше ништо друго, освен ефикасен метод за нивно дисциплинирање по диктат на извршната власт – членовите на Советот беа издресирани да почнат беспрекорно да ги спроведуваат партиските кадровски желби директно од старото фамозно „тефтерче”.
Мицкоски, кој до пред неколку месеци ја тресеше државата со гнев против Судскиот совет, сега го нема ниту една критика да изусти. Затоа што кога Советот ќе почне да ги испорачува кадровските сметки на новата гарнитура, одеднаш молчењето станува злато. Во оваа пародија, за очекување е премиерот единствено да изјави дека не се меша и нема навика да се меша во судската власт, велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски го нема да проговори против Судскиот…
Откако Судскиот совет дисциплинирано почна да ги…
Костова: ВМРО ДПМНЕ ја заглави Македонија, застој…
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во вечерашното…
Костова: Мицкоски е виновен за отворање на…
Единствено Мицкоски и ДПМНЕ се виновни што…
СДСМ: Власта удри по земјоделците, крати 478…
Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на…
Левица: Гаши уценет од ВМРО-ДПМНЕ илегално ја…
Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…