(Видео) Сообраќајка кај МАНУ: Удрен е велосипедист, две лица се повредени
Попладнево на булеварот Крсте Петков Мисирков, во близина на Македонската Академија на Науките и Уметностите се случи сообраќајна несреќа.
Со полесни повреди се здобиле и возачот на возилото и велосипедистот, велат од МВР.
– Денеска (08.07.2025) во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки и велосипед. Возачот на возилото и велосипедистот се здобиле со повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увидот е во тек. – соопштија од МВР.
A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Сообраќајка кај МАНУ: Удрен е велосипедист,…
Попладнево на булеварот Крсте Петков Мисирков, во…
Лажен полицаец измамил 84-годишна жена за над…
Осумдесет и четиригодишна скопјанка останала без 261…
Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина…
На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на…
Тешка несреќа на Партизанска, Ауди излета поради…
Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот…
Трагедија во Србија: Македонски државјанин загина во…
Во сообраќајна несреќа што се случила рано…