ЦУК: Од пожарот во Визбегово загрозени куќите близу дивата депонија, ако треба ќе се евакуираат жителите
Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е опасност за жителите во Шуто Оризари и ако има потреба ќе треба да се евакуираат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон. Во моментов се интервенира од екипи на Бригатата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје.
„Во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. По барање на градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен“, соопшти Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) .
Густ црн чад се гледа во цело Скопје, депонијата е на два километри воздушна линија од центарот на градот. Депонијата се запалила утрово и најверојатно горат гуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Од пожарот во Визбегово загрозени куќите…
Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е…
НАТО ги подигна своите авиони – активирани…
Во екот на најновата ескалација на војната…
Жичницата не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги…
Трагедија во Кочанско: Од струен удар почина…
Во вторникот, на 8 јули, околу 08:00…
После критиките од страна на Трамп, Русија…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека…