38 лица затруени со салмонела во Прилеп

t

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на месец јуни, пријавил епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis.

Центарот за јавно здравје Прилеп регистрирал 38 случаи на заболени лица кои консумирале иста храна во една фабрика во градот. Тројца од заболените биле хоспитализирани. Од пет земени примероци за микробиолошко испитување, кај две лица е изолирана Salmonella enteritidis.

Во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ЦЈЗ Прилеп спровел санитарно-хигиенска контрола во кујната на добавувачот на храна и во трпезарискиот дел на фабриката. Притоа се земени мостри од жива и нежива средина за микробиолошка анализа.

ЦЈЗ Прилеп предложил соодветни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки, меѓу кои редовно одржување хигиена, правилна манипулација и складирање на храна. Објектот за приготвување храна бил затворен сè до добивање на негативни резултати од земените мостри.

Епидемијата била официјално одјавена на 11 јуни, по спроведување на сите неопходни епидемиолошки мерки.

Дополнително, во истиот месец е пријавен и еден случај на салмонелоза кај странски државјанин од Србија, кој привремено престојувал во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

38 лица затруени со салмонела во Прилеп

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот…

Муслиманите во Албанија паднаа под 50 проценти…

Пописот од 2023 година покажа дека муслиманите…

(Видео) Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони…

МВР продолжува да пружа воздушна поддршка при…

ЦУК: Од пожарот во Визбегово загрозени куќите…

Пожарот близу дивата депонија во Визбегово е…

НАТО ги подигна своите авиони – активирани…

Во екот на најновата ескалација на војната…