Еден повреден во пожарот кај Визбегово, детонациите се од хаварисани возила со плински боци

t

Едeн човек е повреден во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации, соопшти МВР.

Според информациите, од пожарот нема зафатени куќи.

– Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош, стои во информацијата од МВР.

Во гаснењето на пожарот покрај пожарникари и возила од Комунална хигиена, вклучени се и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…