Во Хрватска задолжителен воен рок од почетокот на следната година
Со очекуваното гласање во хрватскиот парламент, Хрватска наскоро ќе го врати задолжителниот воен рок. Владата предводена од Андреј Пленковиќ ги поднела во парламентот измените на законот за одбрана и за служба во Оружените сили. Предвидено е враќање на задолжителниот воен рок од 1 јануари следната година.
„Хрватска од 2008 има суспендирана одлука за служење на воениот ром, а на овој начин, со добро калибрирано, прилагодено темелно воено оспособување создаваме услови младите генерации да стекнат вештини што 17 или 18 генерации не ги стекнале, и на тој начин да ја зголемиме силата на Хрватската војска“, порача премиерот Пленкови.
Задолжителниот воен рок ќе трае два месеци.
Уписот во воена евиденција ќе се прави кога државјанин на Хрватска ќе се врши кога ќе наполни 18 години, а отслужувањето на воениот рок ќе биде во календарската година кога се полнат 19 години. Максималната возраст до која човек може да биде упатен на служење воен рок е 30 години.
Откако регрутот ќе добие повик за служење воен рок, ќе биде упатен на лекарски преглед за да се види дали е способен да оди во војса. Во случај да не се одѕве, се издава налог за приведување на полицијата, а предвидена е и казна од 250 до 1 320 евра.
Хрватите ќе служат воен рок во касарните Книн, Слуњ и Пожега. Регрутите ќе добиваат по 1 100 евра месечно, сосе платена храна, превоз и одмор. Воениот рок ќе се впишува во стажот, а ако е регрутот вработен и замине во касарна, работодавачот нема право да го отпушти за тоа време.
Оние со приговор од совеста, ќе може да служат цивилно – во Цивилна заштита на хрватското МВР или во локални претпријатија и установи. Обуката во Цивилна заштита ќе треа три месеци непрекинато, а служењето во противпожарни единици, во уредување зеленило и одржување на јавни улици и патишта ќе трае четири месеци, по 8 часа во 5 работни дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…
Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…
Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…