Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши меѓународните позиции на државата

t

Вадењето на јазикот од извештајот не е закана за признавањето на јазикот од Унијата ниту за идентитетот, туку тоа е пораз на владината дипломатија, порача претседателот на СДМ Венко Филипче на денешната прес конференција по повод увојувањето на извештајот на Европскиот парламент без термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.

“Вадењето на јазикот од извештајот е пораз на владината дипломатија, која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи, туку како со булдожер ги сруши. Тие ги срушија нашите европски перспективи и го изложија нашиот народ на потсмев, правејќи го целосен губитник. Извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта“, рече Филипче.

Во своето обраќање претседателот на СДСМ Филипче рече дека во својот мандат, СДСМ успеала ги отфрли обидите македонскиот јазик да биде исклучен од извештајот благодарение на стратешките партнери кои ја препознале искрената борба, чесните намери и волја за ЕУ-интеграција но и јасните црвени линии.

„Ние знаеме кои сме, на кој јазик говориме и токму тоа го загарантиравме со договорите. На македонски се преведува во ЕУ, на македонски се потпишуваат договорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, на македонски се говори во Унијата. Ова го гарантира Преговарачката рамка“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ како со булдожер ги сруши…

Вадењето на јазикот од извештајот не е…

Филипче: ВМРО ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција,…

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна…

За разлика од порано, сега се реагира…

„СДС повторно бесрамно лаже за пожарот кој…

Скопје нема вода поради ДИВИТЕ ПРИКЛУЧОЦИ на…

*Објава на Фејсбук на Димитар Апасиев: Скопје…

СДСМ: Владата ги остави граѓаните сами да…

СДСМ утринава ја обвини Владата дека повторно…