Доста е! Млада докторка ја потресе Македонија – Еве зошто младите си одат од државата

t

Доста е!

Се навршуваат 2 години откако сум дипломиран и лиценциран доктор по општа медицина. 6 години учев – ден, ноќ, празници, додека другите излегуваа, јас дежурав над книги, вежби и пациенти. Факултетот беше тежок – и треба да биде, затоа што станува збор за човечки животи. Но, тоа што следуваше по дипломата – тоа е пекол кој не го заслужив.

Две години. Без шанса да работам она за што се жртвував – не затоа што не сум способна, туку затоа што немам “врски”. Во оваа држава, знаењето и трудот не значат ништо ако немаш некој “твој” на вистинското место.

Почетна плата за млад доктор? 25.000 – 35.000 денари. За живот кој го жртвуваш за други животи.

Државно вработување? Само преку роднина, партија или кафе со “правиот човек”.

Овие две години работев што ќе стигнам – хонорарни работи, несигурни ангажмани, па дури и на работни позиции за кои воопшто не ти треба факултет само заради тоа што беа поплатени и само за да преживеам. Затоа што професијата што ја избрав – професијата што ја сакам – не ми дозволи да живеам од неа. Не поради мене. Туку поради системот што ја гуши секоја надеж и ја убива секоја амбиција.

Се прашувате зошто младите си одат?

Затоа што оваа земја нè учи дека не вреди да си чесен, не вреди да учиш, не вреди да си вреден, не вреди да сонуваш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…