Попладнево сите во Кочани: Во 18:05 почнува 14-тиот марш за правда за починатите и нивните семејства!
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ в сабота, 12 јули ќе го одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“ – марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка.
Маршот ќе почне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција.
Истиот ден, со почеток во 16:30 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од страна на Општина Кочани.
-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Да им оддадеме чест на нашите деца – невини, млади животи кои беа прекинати пред да почнат вистински да живеат. Нека гласот на болката не молчи, истакнуваат од Здружението „16 март 2025 – Кочани“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Излезноста на изборите во Србија до 14…
Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни…
Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја…
Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била…