ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во однос на СДСМ
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот во енергетиката, дигитализацијата, се дел од чекорите кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка.
Во вчерашната анкета на МКД.мк, спроведена од 20 јуни до 4 јули, се гледа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС, или во бројки разлика од 5 спрема 1.
Граѓаните даваат апсолутно поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 23,8%, додека пак за СДС само 5,1%. Дополнително, од сите оние кои се изјасниле дека ќе гласаат на наредните избори, бројката се искачува на 52,8%, додека пак за СДС би гласале 11,3%.
Во однос на тоа на кој политичар најмногу му веруваат, граѓаните односно 26,9% се изјасниле дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е човек на кого треба најмногу да му се верува. Нашиот најголем опонент, односно претседателот на СДС, Филипче има рејтинг од само 4,7%, или скоро 7 спрема 1.
Кај граѓаните се зголемила довербата дека државата оди во правилна насока, што ни дава поттик да работиме и градиме повеќе во нивен интерес.
Ние нема да се опуштиме на овие бројки, туку напротив оваа поддршка на граѓаните за нас е одговорност да работиме уште повеќе и да ги градиме темелите на промените!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во…
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Добрите економски…
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема…
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат…
(Во живо) Многу од најпознатите војводи на…
Александар Протогеров, Кирил Прличев, Георги Баждаров биле…
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…