Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во Делчево, па бега
>Жителите на делчевската населба Први Реон на видео снимка забележале лице како подметнува пожар, а потоа со забрзани чекори го напушта местото. Настанот се случил во доцните вечерни часови на 9 јули, а видеото од надзорната камера, поставена во близина на критичниот потег, веќе е предадено на надлежните служби.
Инцидентот првично бил пријавен од страна на загрижен граѓанин кој забележал сомнителен чад, а потоа со преглед на снимките се потврдило дека станува збор за намерно подметнување
Во услови кога температурата се искачува над 35 степени, а природата е сува и лесно запалива, ваквите постапки се не само неодговорни, туку и животозагрозувачки,“ стои во апелот на надлежните локални власти. Оттаму додаваат дека истрагата е во тек и се работи на идентификација на сторителот.
Од општината Делчево ги повикуваат граѓаните на зголемена будност и итно пријавување на секое сомнително движење или обид за подметнување пожар.
„Апелираме до сите да не остануваат рамнодушни. Доволна е една искра за да изгори целиот регион. Заедно можеме да ги спречиме катастрофите“, велат од службата за противпожарна заштита во Делчево
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фатен на снимка: Лице подметнува пожар во…
>Жителите на делчевската населба Први Реон на…
(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача…
Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во…
ЦУК: Пожарот во Самоков беше веднаш изгаснат…
Регионалниот центар за управување со кризи Македонски…
Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари
Сезоната на пожари во земјава почна порано…
Приведени возачи од Делчево и Кавадарци затоа…
На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул.…